За комплексот

За комплексот

На падините на Бистра, во атарот на живописното планинско село, на надморска височина од 1300 метри сместен е станбениот комплекс Маврово. Со поглед кон Мавровското езеро, на само 150 метри оддалеченост од ски-лифтовите, овој комплекс нуди исклучителна планинска убавина, а домувањето го претвора во идилична комоција. Единствената местоположба за сопствениците на становите овозможува да можат да уживаат во прекрасното откривање на планината и нејзината раскошна убавина во секое време од годината.

Станбениот комплекс Маврово се протега на површина од околу 4000 метри квадратни, со голем паркинг простор околу самиот објект, како и посебна просторија во која ќе можат да ги остават своите велосипеди, и да бидат сигурни дека ќе бидат безбедни. Во склоп на комплексот има посебно заградено место каде што сопствениците на апартманите ќе можат да подготват скара.

Овој комплекс сместен во еколошки чиста околина е одлично поврзан со двата аеродрома и клучните магистрални патишта.