Историја

Историја

Пелагонија АД Гостивар постои од 1974 година, најпрво како ОЗТ, а подоцна како Економска Единица во системот на Градежното Претпријатие “Пелагонија – Скопје”.

Со законот за трансформација на претпријатија со општествен капитал, Економската Единица се одвои од ГП “Пелагонија – Скопје” и од 15 април 1997 година опстојува како самостоен правен субјект.

Пелагонија АД Гостивар од своето самостојно работење до денес успешно работи со покажување на позитивен резултат во работењето и е со понатамошна тенденција за проширување на работните капацитети и инвестирање во нова опрема и нови градежни машини и возила.