Квалитет на градба и карактеристики

Квалитет на градба и карактеристики

Придржувајќи се кон принципот на комплетна услуга и работејќи по методот на дизајн, изведба и уредување до “клуч на врата”, идните сопственици на овие станови ќе добијат целосно опремен дом со сите неопходни елементи и содржини, освен финалното опремување на домот со мебел.

Целиот комплекс, со сите негови внатрешни и надворешни содржини е направен според најсовремени стандарди и трендови за домување. Комплексот е во фаза на развој на изгледот на ентериерот – дизајн кој може да биде адаптиран и прилагоден на желбите и потребите на идните станари.

Апартманите се опремени со ламинатен паркет Кронотекс произведен во Германија и керамички плочки со врвен квалитет од реномираиот производител Кале од Турција. Во секој апартман, како и во заедничките простории се поставени термоизолациони стакла. Внатрешните и надворешните скали се изработени од природен гранит. Заштитните огради се изработени од првокласен инокс, а лифтовите се од македонскиот производител Маклифт.

Целиот објект е енергетски ефикасен и располага со сопствена трафостаница.