Локација

Локација

Локација

Маврово е најголемиот национален парк, лоциран во Западна Македонија на површина од 73.088 хектари. Во границите на паркот се опфатени планините Кораб, Дешат, југозападниот дел на Шар Планина, поголемиот дел од планината Бистра, како и северните делови на Крчин. Средишниот дел на националниот парк ги опфаќа долината и сливот на реката Радика, а во рамките на националниот парк е и Мавровското езеро.

Овој национален парк се издвојува по големиот број на интересни морфолошки форми, речни долини, клисури, водопади, пештери, циркови, глацијални езера и многу други природни убавини. Од бегетацијата на паркот, најзастапена е заедницата од горска букова шума.

Во рамките на националниот парк, на падините на планината Бистра на надморска височина од 1240 метри се наоѓа Станбениот Комплекс Маврово. Со поглед кон прекрасното Мавровско езеро, на само 150 метри оддалеченост од ски центарот, овој комплекс нуди исклучителна планинска убавина, а домувањето го претвора во идилична удобност. Сопствениците на становите можат да уживаат во прекрасното откривање на планината и нејзината раскошна убавина во секое време од годината.

Лоциран е во планинска и чиста околина и воедно е поврзан со урбаните центри – градот Гостивар е на оддалеченост од само 31 километар, додека пак Скопје е оддалечено 96 километри од комплексот. На само два часа од комплексот се и Скопскиот и Охридскиот аеродром, а Приштинскиот аеродром е на 2,5 часа оддалеченост.