Понуда којашто не се пропушта: Aпартман во Станбен комплекс Маврово од 500€ за м2!

Понуда којашто не се пропушта: Aпартман во Станбен комплекс Маврово од 500€ за м2!

Со доаѓањето на летото и високите температури, многумина од нас би сакале да отидеме некаде подалеку од градот и да се опуштиме на ден-два. Во наша близина се наоѓа Националниот парк Маврово, совршената дестинација за викенд одмор која навистина има што да понуди: сино езеро, зеленило и бујна шумска вегетација. Тука, на надморска височина од 1300 метри е сместен Станбениот комплекс Маврово, инвестиција на Пелагонија АД Гостивар.

Објектот располага со 105 апартмани со квадратура од 30 до 50 м2. Еднособните станови вклучуваат кујна, дневна соба и бања, а останатите вклучуваат дневна соба, спална, бања и кујна. Изложеноста на апартманите во зависност од големината и позиционираноста може да биде кон езерото или кон планината, така што секоја страна и секој агол од комплексот нуди поглед во бескрајот на природната убавина.

 

Побрзајте и обезбедете си ја својата идна викенд-дестинација, искористете ја специјалната понуда којашто не се пропушта. Одберете го Вашиот идеален апартман Б со квадратура од 32,5 м2, по неверојатна цена од 500€ за м2. Овој тип на апартман е позициониран во сутерен и не вклучува тераса. Апартман Б со својата квадратура и поволна цена, е совршен за сите оние кои бараат комодитет и свое лично прибежиште со сѐ што ви е потребно во најпосакуваната викенд-дестинација, Маврово.

 

Доколку сакате од вашата дневна соба да имате поглед кон езерото, тука се становите со различна квадратура по најповолна цена од 590€ за м2. Овие типови на апартмани не вклучуваат тераса, но големите прозорци ги исполнуваат просториите со дневна светлина и нудат бескраен поглед кон езерото и планините.

Целиот објект е направен по највисоки стандарди, енергетски е ефикасен, а има и своја трафостаница. Апартманите се опремени со висококвалитетен ламинатен паркет Кронтекс произведен во Германија и високо квалитетни увозни керамички плочки.

Станбениот комплекс има 5 типови на апартмани распоредени на 5 ката. Придржувајќи се кон принципот на комплетна услуга и работејќи по методот на дизајн, изведба и уредување до “клуч на рака”, идните сопственици на овие станови ќе добијат целосно опремен дом со сите неопходни елементи и содржини, освен финалното опремување на домот со мебел.