Профил на компанијата

Профил на компанијата

Основана во 1974 година, Пелагонија АД Гостивар е градежна компанија со повеќе од 80 вработени. Главната дејност на компанијата е изведба на секаков вид на градежни работи во високоградба, нискоградба и хидроградба, како и вадење на песок и чакал, правење бетон и бетонски производи, правење и оградување на асфалт и слични дејности.

Во своето досегашно работење, Пелагонија АД Гостивар има изведувано работи од високоградба и нискоградба, изградба на станбени згради, пробивање, насипување, тампонирање и асфалтирање на патишта, градење на водоводи, притоа користејќи најквалитетни материјали за потребите на приватни инвеститори и државни институции.

Компанијата во својот состав има три работни единици:

  1. Механизација со механичарска работилница
  2. Каменолом и преработка на истиот со асфалтна база
  3. Бетонска база за правење на бетон и бетонски производи

КвалитетнBuilding-Construction-Companies-Dubai-UAE-Yellow-Pages-Directory-1ата изведба и работа на нашата компанија е поткрепена со примената на сертификатите ISO 9001:2008, ISO 14000:2004, како и сертификатот OHSAS 18001:2007 за заштита на здравјето и безбедност при работа.