Функционални и модерни станови за сечиј вкус во Станбен Комплекс Маврово

Функционални и модерни станови за сечиј вкус во Станбен Комплекс Маврово

Функционални и модерни станови за сечиј вкус во Станбен Комплекс Маврово

Во еден од најубавите предели во Македонија, е сместен Станбениот Комплекс Маврово, инвестиција на Пелагонија АД Гостивар. Маврово е една од најдобрите дестинации во Македонија која нуди сѐ што ни е потребно кога сакаме совршен планински одмор. Побрзајте и искористете ја можноста да купите еден од неколкуте преостанати апартмани по неверојатно ниски цени и имајте ваш личен простор каде ќе го поминувате секој викенд, празник, или пак било кој ден од годината кога и да посакате.

dn (4)

Станбениот комплекс се протега на површина од околу 6000 метри квадратни, со голем паркинг простор околу самиот објект, како и посебен дел наменет за станарите да ја остават својата спортска опрема и притоа да бидат сигурни дека ќе биде безбедна. Во склоп на комплексот, обезбедено е место за приготвување на скара и организирање на пикник, семејни и пријателски собири.

dn

Објектот располага со 105 апартмани со квадратура од 30 до 50 м2. Еднособните станови вклучуваат кујна, дневна соба и бања, а останатите вклучуваат дневна соба, спална, бања и кујна. Изложеноста на апартманите во зависност од големината и позиционираноста може да биде кон езерото или кон планината, така што секоја страна и секој агол од комплексот нуди поглед во бескрајот на природната убавина:

– Стан Тип Б – од 32,5м2 + 2,9м2 тераса на приземје, со поглед кон планина.

– Стан Тип Б – од 32,5 м2 + 2,9м2 тераса на 1 кат со прекрасен поглед кон синилото на езерото.

– Стан Тип А – од 47,1м2 + 2,9м2 тераса на 4 кат (поткровје), со поглед кон зеленилото на шумата.

– Стан Тип А – од 47,1м2 + 2,9м2 тераса на 4 кат(поткровје) со поглед кон Мавровско езеро.

– Стан Тип Ѓ – од 50,5м2 + 5,8 м2 тераса на 2 кат, со прекрасен поглед кон шумата.

– Стан Тип Ѓ – од 50,5м2 + 5.8 м2 тераса на 4 кат(поткровје) со поглед кон Мавровското езеро.

Целиот објект е направен по највисоки стандарди, енергетски е ефикасен, а има и своја трафостаница. Апартманите се опремени со висококвалитетен ламинатен паркет Кронтекс произведен во Германија и високо квалитетни увозни керамички плочки. Станбениот комплекс има 5 типови на апартмани распоредени на 5 ката. Изложеноста на апартманите во зависност од големината и позиционираноста може да биде кон езерото или кон планината, така што секоја страна и секој агол од комплексот нуди поглед во бескрајот на природната убавина. Придржувајќи се кон принципот на комплетна услуга и работејќи по методот на дизајн, изведба и уредување до “клуч на рака”, идните сопственици на овие станови ќе добијат целосно опремен дом со сите неопходни елементи и содржини, освен финалното опремување на домот со мебел.

За повеќе информации посетете ја веб страната на комплексот www.stanovimavrovo.mk, фејсбук страната https://www.facebook.com/stanbenkompleksMavrovo/ или пак контактирајте го тимот за продажба на 078 30 30 59.